Примарна цел на Рома во летниот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач, а најголема желба е Андреа Белоти.
Белоти влегува во последната година од договорот со „биковите“ и нема намера да го продолжи, а на маса веќе има неколку понуди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белоти веќе подолго време се поврзува со трансфер во Милан, но сега во трката за неговиот потпис сериозно се вклучи и Рома.
Џеко на лето најверојатно ќе ја напушти „волчицата“, а Мурињо смета дека Белоти би бил идеален наследник на Босанецот.
Рома наводно веќе испратила прва понуда од 15 милиони евра плус бонуси, но Торино бара најмалку 25 милиони евра.