Дома Трансфер зона Мурињо го прави она за што го „до вчера“ го критикуваше Гвардиола?

Мурињо го прави она за што го „до вчера“ го критикуваше Гвардиола?

Португалецот изгледа баш и нема многу избор, па мора да го направи она за што го критикуваше големиот ривал.

Бритнаски „Гардијан“ денес пренесе интересна вест дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го доведе фудбалерот на Тотенхем, Дени Роуз.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според овој извор, Мурињо за левиот бек на Тотенхем би морал да плати сума од 50 милиони фунти, колку и што плати Манчестер Сити минатото лето за Кајл Вокер.

Сето ова не би било толку интересно доколку неодамна Мурињо не го критикуваше Гвардиола.

„Зошто Манчестер Сити е пред нас? Ние е ја немаме таа можност да доведеме лев бек (Менди) за 50-60 милиони евра“ зборуваше Мурињо.

Неколку месеци подоцна Мурињо изгледа и нема многу избор. Јасно, Ешли Јанг не може да ја издржи целата сезона како лев бек и засилување на таа позизција е неопходно.

Исто така треба да се напомене дека Мурињо зборуваше за ремонтот во одбраната на Сити и големите суми за дефанзивци (Лапорт и Стоунс за исто така 50-60 милиони), а сега доколку „ѓаволите“ сакаат да доведат барем еден од Умтити и Леглет од Севиља ќе мора да платат слична сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…