Дома Фудбал Лига на шампиони Мурињо го објасни провоцирањето: Моето семејство и Интер не смеат да се допираат

Мурињо го објасни провоцирањето: Моето семејство и Интер не смеат да се допираат

Тренерот на Мурињо вчера се најде во центарот на вниманието после победата на неговиот тим на гостински терен против Јувентус.

„Црвените ѓаволи“ после пресврт славеа со 2:1 во Торино, а Мурињо после натпреварот ги провоцираше навивачите на Јувентус и влезе во судир со Леонардо Бонучи.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


После натпреварот откри дека тоа го направил поради провокациите кои си слушал во текот на натпреварот кои се однесувале на неговото семејство и Интер.

„Ме провоцираа 90 минути. Дојдов тука да ја работам својата работа, ништо повеќе. На крајот никого не навредив, само сакав посилно да ги слушнам. Веројатно не требаше тоа да го направам и со ладна глава и не би го направил. Но, тие го навредуваа моето семејство, вклучувајќи го и Интер, па во тие моменти не можев да се воздражм.“.

„Одигравме фантастичен натпревар, на највисоко ниво. Успеавме да победиме затоа што одигравме позитивен натпревар и ја баравме победата до самиот крај“, изјави Мурињо.

После овој натпревар Јувентус е прв во групата со девет бода, Манчестер Јунајтед е втор со седум, Валенсија има пет и Јанг Бојс еден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…