Во време на пандемијата на коронавирусот во Англија се донесени порестриктивни мерки, па луѓето на отворено треба да држат растојание од два метра.
Таквите препораки не ги почитуваа Жозе Мурињо и уште тројца фудбалери на Тотенхем кои самоиницијативно тренирале во парк во Хедли Комон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем ги предупреди своите sвезди да не ја прекинуваат изолацијата, туку и правилата при напуштање на куќата. Ова е прекршување бидејќи фотографиите покажуваат дека играчите се премногу блиску еден до друг и не ја почитуваат далечината.
Еден од фудбалерите кој тренираше со Мурињо беше Танги Ндомбеле, додека другите двајца, наводно, биле Девинсон Санчез и Рајан Сесењон.
Јавноста во Англија го осуди ваквото однесување, а и Тотенхем преку соопштение потврди дека не се согласува со ваквата одлука на Мурињо.