Англиските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и пренесуваат дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде во јануарискиот преоден рок да ја донесе ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез.
Санчез ова лето беше многу блиску до трансфер во Манчестер Сити, но Мурињо че се обде да го „украде“ Чилеанецот пред носот на Пеп Гвардиола.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ се спремни да понудат 25 милиони фунти за да го донесат Санчез пест месеци пред истекот на договорот.
Санчез ова лето остана на „Емирати“, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната, па „топџиите“ ќе мораат да го продадат во јануари доколку сакаат да заработат на неговото заминување.
„Сан“ пренесува дека двата клуба од Манчестер во јануари ќе водат битка за потписот на одличниот Чилеанец.