Манчестер Јунајтед веќе го договори првото засилување за наредната сезона. Како што пренесуваат англиските медиуми Виктор Линделоф веќе потпишал преддоговор со кубот од „Олд Трафорд“.
Стоперот на Бенфика и шведски репрезентативец веќе подолго време е голема желба на Жозе Мурињо и сакаше да го донесе уште во зимскиот преоден рок.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Според последните информации Линделоф веќе потпишал преддоговор со Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ за неговиот потпис ќе платат 47 милиони евра. Наводно голема улога во ангажманот на 22-годишниот дефанзивец одиграл и неговиот сонародник Златан Ибрахимовиќ.
Линделоф е еден од најдобрите млади стопри во Европа и беше мета на многу европски гиганти, но Јунајтед прв презеде конкретни чекори за негово привлекување и ја победи конкуренцијата.