Дома Трансфер зона Мурињо го дава Михтарјан за Сандро – Јуве сака друг играч и пари

Мурињо го дава Михтарјан за Сандро – Јуве сака друг играч и пари

Мурињо сака во зимскиот преоден рок да ја засили левата бековска позиција, а примарна цел е играчот на Јувентус, Алекс Сандро.

Манчестер Јунајтед е спремен да и предложи размена на „старата дама“ и во зделката да го вклучи Хенрих Михтарјан, кој повеќе не е потребен на „Олд Трафорд“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Според „Сан“ Јувентус е спремен да го пушти Бразилецот, но за возврат бара друг фудбалери и одредена сума на пари. Тренерот на Јувентус, Алегри сака да го добие Дени Блинд како дел од трампата.

Челзи исто така силно го посакува Сандро, но „Сан“ тврди дека Манчестер Јунајтед е во предност токму поради фактот што може да го предложи Блинд како дел од трансферот.

Покрај Холанѓанецот „црвените ѓаволи“ ќе треба да платат околу 40 милиони евра за потписот на Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…