Дома Фудбал Англија Мурињо во свој стил го „боцна“ Ливерпул пред денешното дерби

Мурињо во свој стил го „боцна“ Ливерпул пред денешното дерби

Денес на програмата е големото дерби на „Енфилд“ помеѓу Ливерпул и Челзи, натпревар кој може да го одреди исходот на целата сезона.

На Ливерпул му е потребна победа за да остане во трка за шампионската титула, но бодовите му се потребни и на Челзи кој се бори за пласман во Топ 4 и настап во Лига на шампиони следната сезона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Пред денешното дерби интересна изјава даде поранешниот тренер на Челзи, Жозе Мурињо.

„На Челзи му се потребни бодови, ова е натпревар во кој двата тима мораат да победат. Сетете се кога последен пат Ливерпул беше блиску до титулата, токму Челзи го расипа славјето на Енфилд“, изјави Мурињо, кој тогаш седеше на клупата на „сините“.

Дали Челзи и денес ќе успее да го расипе славјето на Ливерпул, или „црвените“ ќе освојат три бода, ќе дознаеме после 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе ја доби „Златната копачка“ и изјави: Сакам повторно да ја освојам и да останам во Реал уште многу години

Ѕвездата на Реал Мадрид Килиан Мбапе ја доби наградата „Златна копачка“ за најдобар стреле…