
Барселона вчера потврди дека Мунир Ел Хадади повеќе не е нивни играч, па јасно е дека каталонскиот клуб ќе побара напаѓач кој би имал улога на резерва во овој преоден рок.
Мунир не беше задоволен со минутажата на „Камп Ноу“ и одлучи да го напушти клубот во кој израсна. Ова е одреден проблем за Барселона бидејќи Луис Суарез во овој момент е единствениот класичен напаѓач во тимот.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Според шпанските медиуми, Барса до крајот на преодниот рок сигурно ќе доведе еден напаѓач кој ќе му биде резерва на Суарез. „Мундо Депортиво“ сега пишува дека тој напаѓача најверојатно ќе биде Фернандо Љоренте од Тотенхем.
Ернесто Валверде го почитува овој голгетер кој го водеше во Атлетик Билбао и препорачал на раководството на клубот да се обиде да го доведе. Наводно во тоа не би требало да има проблем.
Љоренте најверојатно ќе се пресели на „Камп Ноу“, но само на позајмица до крајот на оваа сезона. Ќе биде вистинско чудо, Каталонците да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната.
https://www.youtube.com/watch?v=-KJjHLx6HxA