Дома Трансфер зона Моџи за трансферот на Роналдо: Целата екипа ќе мора да игра за него

Моџи за трансферот на Роналдо: Целата екипа ќе мора да игра за него

Потенцираше дека трансферот бил завршен уште пред 20 дена, но и повика на внимателност.

Јувентус успеа да го доведе Кристиано Роналдо во своите редови и ова е огромен потег, не само за Јувентус, туку и за целата лига.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Поранешниот директор на шампионот на Италија, контроверзниот Лучијано Моџи во свој стил го прокоментира еден од најголемите трансфери во историјата.

„Тоа беше завршено уште пред 20 дена, тој е голем шампион, но ќе видиме што ќе донесе за Јувентус на теренот. Одигра две неверојатни натпревари на Мундијалот, па потоа во наредните две не се ни забележа. Гледано од маркетиншка страна ова е фантастичен потег за Јувентус и за целата лига“.

„Навистина се надевам дека Роналдо ќе успее да ги оправда очекувањата без оглед на годините, иако екипата ќе мора да игра за него, бидејќи Роналдо не игра одбрана“, заклучи Моџи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…