На Олимписките игри во Париз денеска настапи македонската репрезентативка. Анастасија Мојсовска
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Таа во дисциплината стрелање со воздушна пушка од 10 метри го освои 31. место во конкуренција на 43 натпреварувачки.
Мојсовска постигна резултат од 625,3 кругови, што беше доволно за 31. место од 43 натпреварувачки.
Најдобар резултат во квалификациите имаше Хуоџин Бан од Јужна Кореја (634,5), по што следуваа Џанет Дуештад од Норвешка (633,2) и Одри Гоњат од Швајцарија (632.6).