Алваро Мората е пред враќање во Јувентус, иако италијанскиот клуб не ја искористи опцијата за откуп после истекот на позајмицата од Атлетико Мадрид.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот напаѓач не е во плановите на Диего Симеоне, додека Алегри силно го посакува во својот тим.




Директорите на Јувентус синоќа имале средба со агентите на Мората и двете страни сакаат повторно да соработуваат.




Атлетико пак е спремен повторно да го пушти на позајмица, но овој пат со задолжителен откуп за помала сума од 30 милиони евра.




Минатата сезона Мората за Јувентус постигна 12 гола и запиша 9 асистенции,а неговата желба да остане во Торино најверојатно ќе биде исполнета.
Meeting between Juventus and the agents of Zaniolo and Morata is finished. [TMW] pic.twitter.com/fDHoXotWb3
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) July 6, 2022