Aлваро Мората од вчера е нов играч на Јувентус.
Шпанскиот напаѓач пристигна од Атлетико Мадрид на едногодишна позајмица. Мората за Јувентус играше и претходно од 2014 до 2016 година. После епизодата во Јувентус тогаш се врати во Реал Мадрид, а играше и за Челзи. Интересно е што секогаш му било сон да игра за овие екипи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакав да дојдам во Јувентус, тоа е клуб во кој секогаш сум сакал да играм“, изјави Мората во 2014 година по доаѓањето во Торино, за две години потоа да се врати во Реал Мадрид со „јасна“ цел.
„Сон ми е да успеам како играч на Реал Мадрид“.
2014: "La JUVE es donde quería estar".
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) September 22, 2020
2016: "Mi sueño es triunfar en el Real MADRID".
2017: "De pequeño me imaginaba en el CHELSEA".
2019: "El ATLETI es la auténtica felicidad desde la infancia".
?❓?
?️?️La HEMEROTECA y Álvaro MORATA… #JUGONES pic.twitter.com/TxkxpkkwmK
Само една година подоцна Реал го продаде во Челзи и секако и тој клуб беше негов „сон“.
„Го гледав Челзи како дете и навистина од секогаш сум сакал да играм тука. Ми се исполни сонот со тоа што сум нова „деветка“ на Челзи, едвај чекам да заиграм на „Стенфорд Бриџ“, изјави Мората по доаѓањето во клубот од Лондон.
Дојде на ред Атлетико…
„Посебна чест ми е што сум во Атлетико. Ми значи многу што сум во овој клуб, како дете сонував да играм за Атлетико“, порача тогаш Мората.
Очигледно Мората сонувал многу тимови.