Aлваро Мората оваа сезона во дресот на Атлетико Мадрид одигра 10 натпревари во Ла Лигаи постигна пет гола.
Во овој момент 27 годишниот напаѓач игра во одлична форма и на последните шест натпревари во сите натпреварувања постигнуваше голови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мората од почетокот на сезоната пропушти три натпревари во Ла Лига. Две беа поради повреда, а една дојде како казна за црвениот картон во натпреварот со Мајорка.
Тогаш напаѓачот влезе во игра во 69-тата минута и веќе во 77-та мораше надвор од теренот, а после завршувањето на натпреварот беше бесен поради таа одлука.
Шпанецот практично во рок од неколку секунди доби два жолти картони. Првиот го доби поради прекршокот над Кампос, а вториот поради приговорот кон главниот судија.
Сега Мората во изјава за „Радио Марка“ изјави дека сигурно тоа не би се случило ако го носел дресот на својот поранешен клуб, Реал Мадрид.
„Ако играв за Реал Мадрид одлуката во Мајорка кога добив црвен картон сигурно ќе беше поинаква“, изјави Мората.