Дома Фудбал Мората за да игра во Атлетико се откажал од три милиони евра

Мората за да игра во Атлетико се откажал од три милиони евра

Вчера после преговори кои се водеа неколку дена конечно беше комплетиран трансферот на Алваро Мората во редовите на Атлетико Мадрид.

Денес Мората беше претставен пред медиумите, а при тоа откриен е и уште еден интересен детал.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Имено, Мората во Челзи заработуваше девет милиони евра годишно, додека во Атлетико за позајмица од 18 месеци ќе инкасира 10.5 милиони евра. Значи, се откажа од три милиони евра.

Ова е само уште еден доказ за големата желба на Мората да се врати во Мадрид каде што го носеше дресот на Реал.

Иначе, Мората своите први фудбалски чекори ги направи токму во Атлетико, за што сведочи и фотографијата која тој утрово ја објави на неговиот Твитер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…