Дома Фудбал Италија Мората: Алегри ми објасни колку важен ќе биде трансферот на Влаховиќ за мене

Мората: Алегри ми објасни колку важен ќе биде трансферот на Влаховиќ за мене

Фудбалерот на Јувентус, Алваро Мората кажа дека Душан Влаховиќ влијаел на неговата позиција во тимот, но и дека се надева на нов гол на Србинот.

Во текот на зимскиот преоден рок се шпекулираше дека Шпанецот ќе се пресели во Барселона, но „Старата дама“ не дозволи таков трансфер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не е важно колку бев блиску до трансфер. Разговарав со тренерот Алегри, а тој ми кажа какви идеи има. Ми објасни колку ќе биде важно доаѓањето на Душан за мене, а така и беше на крајот“, кажа Мората.

На прашањето на кој начин влијаел Влаховиќ на него, шпанскиот фудбалер даде краток одговор.

„Тој е фантастичен играч. Ни донесе само позитивни работи. Млад е и ќе има одлична кариера“, изјави Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Натпреварот на Фиорентина нема да биде одложен и покрај смртта на претседателот

Фудбалскиот клуб Фиорентина ненадејно остана без својот долгогодишен претседател, Роко Ком…