Јувентус конечно го договори трансферот на Леандро Паредес, па така „старата дама“ и го намалува ростерот.
Алегри има поголем број фудбалери од тие на кои може да им обезбеди солидна минутажа и денес Јувентус испрати двајца фудбалери на позајмица. Талентираниот Николо Ровела утрово ги помина медицинските прегледи и езоната ќе ја помине во Монца.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нов клуб Јувентус пронајде и за Марко Пјаца. Хрватот се поврзуваше со враќање во Динамо Загреб, но сепак ќе остане во Италија и ќе го носи дресот на Емполи.
Во минатата сезона Ровела го носеше дресот на Џенова, а Пјаца во претходните години играше за Торино, Џенова, Андерлехт и Фиорентина.
#Rovella: visite mediche con il #Monza // Rovella has arrived in Milan to undergo his medical tests ahead of his move to Monza ✅⚪️🔴@GoalItalia @goal pic.twitter.com/md6btttoMu
— Romeo Agresti (@romeoagresti) August 31, 2022