Марко Пјаца пред четири години пристигна како голем потенцијал во Јувентус од Динамо Загреб.
Меѓутоа проблемите со повредите го спречија да се избори за поголема минутажа, а во претходните сезони во главно одеше по позајмици. Пјаца ги помина припремите со Јувентус и не беше лош, но клубот одлучи да го испрати на уште една позајмица.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Јувентус денес потврди дека Пјаца го напуштил клубот и наредната сезона ќе ја помине во Џенова како позајмен играч.
Џенова по завршувањето на позајмицата ќе има можност да го откупи неговиот договор.
Ufficiale | @marko_pjaca20 in prestito al @GenoaCFC https://t.co/YIykTc8Ll6 pic.twitter.com/xDcAnVPLrM
— JuventusFC (@juventusfc) September 19, 2020