Дома Фудбал Италија Монтела им понуди лек на директорите, тие му спремаат отказ

Монтела им понуди лек на директорите, тие му спремаат отказ

Милан одигра уште една очајна партија против АЕК во Лигата на Европа и не успеа да победи, а навивачите со свирежи ги испратија фудбалерите.

Еден од директорите, Мирабели во второто полувреме се симна од трибините на клупата и беше видно вознемирен после натпреварот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На пресконференцијата тренерот Монтела невкусно се пошегува и изјави дека има пријател фармацевт кој ќе им препише на директорите лекови за брзо да ги пребродуваат поразите.

„За разлика од мене кој што играв фудбал, тие не се навикнати да губат“, заклучи Монтела.

Сепак, медиумите на Апенините се сигурни дека столчето на Монтела сериозно е разнишано и доколку не успее да победи против Џенова овој викенд ќе добие отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Итен состанок во Наполи, Конте може да замине

Главниот тренер на Наполи Антонио Конте може да го напушти клубот според новинарот Матео М…