Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека легендата на Рома, Даниеле де Роси би можел на лето да се пресели во Милан.
Договорот на Де Роси со „волчицата“ истекува на крајот на сезоната и двете страни веќе започнаа преговори за продолжување на соработката, но проблем е што Рома на играчот му нуди само едногодишен договор.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Од друга страна Монтела е силно заинтересиран да го донесе Де Роси во Милан бидејќи смета дека тој може да биде лидер на младиот тим на „росонерите“.
Раководството на Милан е спремно да му понуди двегодишен договор со можност истиот да биде продолжен на уште една година, па останува да видиме дали Италијанецот ќе прифати преселба во Милано.
Де Роси целата своја кариера ја помина во Рома и во минатото ги одбиваше сите понуди, но Монтела е голем пријател со него и наводно веќе стапил во контакт да го убеди да се пресели на „Сан Сиро“.