Дома Фудбал Останато Монако по дебакалот во Париз им ги враќа парите на навивачите

Монако по дебакалот во Париз им ги враќа парите на навивачите

Фудбалерите на Монако на гостувањето против ПСЖ во 33. коло од француската Лига 1 доживеаа дебакл.

Тимот од Кнежевството загуби со 7:1, па така ПСЖ и официјално ја обезбеди титулата, но клубот од југот сепак реши некако да ги „утеши“ навивачите кои го гледаа дебакалот на самото место.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што соопшти Монако, сите оние, кои дојдоа во Париз на натпреварот и кои се наоѓаа на „Паркот на принцовите“, ќе им се вратат парите во висина на цената на влезницата на стадионот.

„Монако одлучи да ги врати парите на црвено-белите кои вечерва беа на гостинската трибина“, соопштија од Монако.

Пет кола пред крајот на првенството, ПСЖ има 87 бода на првото место на табелата, Монако остана втор со 70 бода, додека следуваат Лион и Марсеј со 66.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…