Дома Фудбал Англија Моментот што одлучи: Поништен регуларен погодок, со кој Астон Вила обезбеди опстанок

Моментот што одлучи: Поништен регуларен погодок, со кој Астон Вила обезбеди опстанок

Астон Вила обезбеди опстанок во Премиер лигата.

Денеска фудбалерите на тимот од Бирмингем одиграа нерешено со Вест Хем (1:1), па со поразот на Ватфорд од Арсенал обезбедија нова сезона во Премиер лигата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, една од причините поради кои Вила останува во лигата е натпреварот од 28. коло кога е поништен регуларен погодок на Шефилд.

Во 41. минута голманот на домаќините со топка влезе во голот и таму помина неколку секунди, но ниту гол технологијата, ниту ВАР не детектираа погодок. Натпреварот продолжи и заврши 0:0.

Со пораз на тој натпревар Вила ќе завршеше со 34 бода, исто колку и Борнмут, но со полоша гол разлика, а тоа ќе значеше испаѓање од лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мајсторија која не се заборава: УЕФА пред натпреварот вечерва потсети на слаломот на Елмас! (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе истрча на теренот на „Паркен“ во Копенхаг…