Дома Фудбал Италија Може ли Аталанта да го освои Скудетото?

Може ли Аталанта да го освои Скудетото?

Аталанта игра фантастично во Серија А оваа сезона, а после високата победа над Удинезе и киксот на лидерот додатно се доближи до врвот.

Италијанските медиуми веќе почнаа да го поставуваат прашањето дали „Божицата“ може да го освои Скудетото, иако пред почетокот на сезоната не важеше за еден од конкурентите.

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, даде своја оценка за шансите неговиот тим да ја освои титулата.

„Може ли Аталанта да го освои првенството оваа сезона? Дефинитивно не. Освен ако Јувентус не го изгуби. Сепак, тука се и Интер и Наполи“, изјави Гасперини.

Аталанта моментално е на третото место на табелата со само два бода помалку од Интер и три бода од лидерот Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал против Лидс: Голема битка на Емирати

Арсенал се подготвува за враќање на победничките патеки против Лидс на Емирати. По поразот…