Дома Фудбал Останато Модриќ јасно порача: Немојте од мене да го барате тоа…

Модриќ јасно порача: Немојте од мене да го барате тоа…

Сосема заслужено Лука Модриќ го постигна eпитетот за најдобар играч на Светското првенсво во Русија.

Хрватскиот играч одигра одлични натпревари и сите се сложни дека жирито направи вистински потег. Постигна два гола, беше клучен играч во тимот на Златко Далиќ, а веројатно дека ќе се збогува од репрезентацијата во следните денови.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тоа беше и главното прашање на медиумите по натпреварот.

„Немојте сега да го барате тоа од мене. Треба да ги соберам впечатоците, да ја оладам главата па потоа да кажам. Ќе имам време во следните десет дена за тоа. Подобро да одлучам тогаш, отколку веднаш по натпреварот“, јасен беше Модриќ.

Модриќ истакна и дека е тажен поради поразот, но и дека е горд на соиграчите кои направија голем успех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…