Во последните денови на големо се шпекулира за трансферот на Лука Модриќ во Интер, а каде што има оган има и чад.
И покрај фактот што претседателот на Реал, Флорентино Перез не сака да се разедели од хрватскиот плејмејкер, неговите агенти веќе два дена се во Милано и преговараат со раководството на Интер.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Интер на Лука Модриќ му нуди 11,5 милиони евра по сезона или 46 милиони евра на четири години и наводно фудбалерот веќе кажал ДА.
Сега се очекува Модриќ лично да се сретне со Перез следната недела и да побара да му биде дозволен трансфер на „Џузепе Менаца“.
Модриќ наскоро ќе наполни 33 години, па ова е последната шанса „кралевите“ да заработат на неговото заминување.
Останува да видиме дали Перез ќе се согласи да го пушти „архитектот“ на тимот и ќе започне со подмладување или сепак ќе го задржи Модриќ на „Сантиаго Бернабеу“.