Себастијан Еспосито со само 12 години пристигна во Интер од Бреша и веднаш почна да блеска во младинските категории на „нероаѕурите“.
Еспосито важи за еден од најголемите таленти на Апенините, а доказ за тоа е фактот што Антонио Конте му дава шанса во првиот тим. Тој дебитираше за Интер на 17 години и веќе има 6 настапи за „нероаѕурите“ во Серија А и Лигата на шампиони.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Италијанските медиуми денес открија дека младиот талент во летото направил потег со кој ги воодушевил сите во миланскиот гигант.
Имено, во летниот преоден рок ПСЖ бил сериозно заинетресиран за неговиот потпис. Директорот Леонардо одлично ги познава квалитетите на Еспосито и му доставил богата понуда, но 17-годишниот талент експресно ја одбил.
Еспосито има договор до 2022 година, а после добрите настапи за првиот тим, раководството најави дека наскоро ќе започне преговори за нов, побогат договор.