Лука Модриќ иако има 36 години одигра фантастична сезона и вчера официјално го продолжи договорот со Реал Мадрид.




Предраг Мијатовиќ во интервју во радиото „Ел Ларгуеро“ ја откри тајната на Модриќ и истакна дека може уште долго да игра на врвно ниво.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Има уште многу фудбал пред Модриќ. Ако го имате ентузијазмот и физичката кондиција што ги има, годините се помалку важни. Играчите почнуваат да се дебелеат по 33-от роденден, но има и професионалци како Лука. Во сезоната тргна со 71 кг, а заврши со еден помалку. Тоа е неговата тајна поради која ќе игра на врвот уште најмалку една година. Не сум изненаден што го продолжи договорот, изјави Мијатовиќ.