Српскиот стратег Синиша Михајловиќ имаше интересна прес-конференција пред денешниот натпревар на неговата Болоња против Парма.
На почетокот на прес-конференцијата новинарите го потсетија Михајловиќ дека изминува една година откако објави дека боледува од леукемија. Тоа малку не му се допадна на тренерот на Болоња.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Десет дена имате да подготвите прашања, а вие доаѓате тука цело време со истите. Од десет, девет се исти и затоа одговорите се на сите познати“.
Интересен беше неговиот одговор на прашањето за судиите и играњето без публика.
„Со судиите од Рим немам добар однос и се надевам дека набрзо ќе играме пак со публика. Играњето пред празни трибини е како жена без гради“, низ смеа изјави Миха.