Фудбалската репрезентација на Македонија во сабота го игра првиот натпревар од новото издание на Лигата на нации на УЕФА против Фарски Острови.
Димитар Митровски, офанзивниот играч за врска очекува Македонија да го освои првото место во групата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Целта за нас е да го освоиме првото место во групата. Влегуваме како фаворити против Фарски Острови, но секој натпревар е тежок. Треба да се прилагодиме и на временските услови и теренот, но треба да бидеме позитивни и да го дадеме најдоброто за националниот тим“, порача Митровски.