Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен голгетер.
Тен Хаг сака да донесе робусен напаѓач, а меѓу желбите е напаѓачот на Фулам и српски репрезентативец, Александар Митровиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со оглед на фактот дека првата мета Виктор Осимен е премногу скап и Наполи за неговата слобода бара 140 милиони евра, „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон Митровиќ.
Србинот е многу поефтина опција, има големо искуство во Премиер лигата и самиот сака да направи чекор напред во кариерата.
28-годишниот Митровиќ игра одлична сезона и на 25 меча во Премиер лигата има постигнато 12 гола и 4 асистенции.