Aнтоан Гризман е човек кој со месеци наназад се поврзува со најголемите европски клубови.
Меѓутоа и покрај понудите од Барселона и Манчестер Јунајтед, тој се уште е член на Атлетико Мадрид, но констатно се поврзува со заминување од овој тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За се да биде уште повеќе мистериозно околу неговата иднина се погрижи неговата сопруга Ерика. Таа постави фотографија од Антоан со нивната ќерка со интересен цитат од Дон Кихот.
„Наградата секогаш доаѓа кога правите добро дело“.
Навивачите на мадритскиот клуб веднаш започнаа да се запрашуваат што тоа значи. Дополнително сомневање за негово заминување разбуди и фотографијата на која Французинот го бакнува пехарот, а капитенот на Габи му се заблагодари на се и му порача дека секогаш ќе биде добродојден во неговиот тим.
Дали тоа значи дека ќе се потврдат најавите на шпанските медиуми дека Гризман веќе се договорил со Барса ќе дознаеме ова лето.