Maртин Мирчевски одлично ја започна сезоната во Академија Пандев, а тренерот Александар Васоски е презадоволен од неговата игра.
Васоски во нашиот разговор пред натпреварот со Пелистер, ни истакна дека е презадоволен од сите засилувања , но посебно го потенцира Битолчанецот, Мартин Мирчевски кој и денес веројатно ќе биде најголема закана кон голот на клубот од неговиот град.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стратегот на Академија Пандев ни изјави дека според него Мирчевски наскоро може да направи трансфер во некоја странска екипa.
„Мирчевски е прв стрелец, му бев тренер Вардар и инсистирав да се доведе. Само да продолжи со ова темпо, верувам дека многу брзо ќе го гледаме во некоја странска екипа или „А“ селекцијата на Македонија, дај боже. Се надеваме ќе продолжи во тој ритам, тој е фудбалер кој знае од секоја позиција да постигне гол или да асистира, еден интелигентен фудбалер. Секој тренер посакува во својот тим да има таков играч“.
Натпреварот помеѓу Академија Пандев и Пелистер стартува во 15:00 часот.
Дел од претходниот разговор со Васоски и неговиот помошник Бојовиќ можете да прочитате – тука.