Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски кој настапува за тимот на ТСЦ Бачка Топола со своите соиграчи спречи поголема несреќа на автопатот на северот на Србија каде што налетале на песочна бура.
Мирчевски раскажа и како имале среќа во тие моменти да избегнат несреќа кога камион се удрил зад нив.
Fudbaleri TSC-a (Antonić, Đakovac, Čalušić, Mirčevski i Filipović) naleteli na lančani sudar i kada su videli da nadolazeći automobili nisu ni svesni šta ih čeka izašli su napolje, zaustavljali ih i verovatno spasili nekoliko života! 👏❤️ pic.twitter.com/NS7JtXH7j8
— Mozzart Sport (@MozzartSport) March 29, 2023
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се направи песочна бура, за среќа ние застанавме пред сообраќајката каде што веќе имаше неколку автомобили. Се тргнавме десно од патот и по неколку секунди зад нас се удри камион, тука избегнавме несреќа.
Излеговме од колата и почнавме да ги запираме автомобилите да не се удрат и им помагавме на луѓето. За среќа немаше потешко повредени и загинати, набрзо стигнаа брзата помош и полицијата“, изјави Мирчевски за „Спортки.мк“.