Maкедонскиот репрезентативец Бојан Миовски одигра одличен натпревар, но сепак неговиот Абердин запиша пораз во Конференциската лига од ПАОК на домашен терен.
На стартот од вториот дел Миовски го отвори резултатот, а набрзо потоа и асистираше за водство од 2:0 на шкотскиот тим.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Македонецот погодокот го прослави токму пред навивачите на ПАОК и ги поздрави со знакот за Обединета Македонија.
ПАОК од 73. минута до крајот на средбата постигна три гола за голем пресврт и освојување на трите бода.
На табелата грчкиот тим е лидер со девет освоени бодови, Ајнтрахт е втор со шест додека Абердин и ХЈК имаат по еден бод.