Дома Фудбал Италија Министерот на Италија со критики за Игуаин: Тој е платеник, мило ми е што замина!

Министерот на Италија со критики за Игуаин: Тој е платеник, мило ми е што замина!

Гонзало Игуаин го напушти Милан и направи трансфер во Челзи, поради него во таборот на „росонерите“ не жалат премногу.

Игуаин имаше голема желба да направи трансфер во Челзи каде што сега ќе соработува со неговиот поранешен тренер од Наполи, Маурицио Сари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанскиот министер, Матео Салвини кој е навивач на Милан порача дека му е мило што Игуаин го напуштил Милано.

„Морам да признаам дека ми е мило што Игуаин си замина. Се однесуваше на навистина непримерен начин. Не сакам платеници и во политиката и во фудбалот“, изјави Салвини, па го прокоментира трансферот на Пијатек.

„Пијатек многу ми се допаѓа како фудбалер, очекува многу голови од него“, порача Салвини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Деко веќе започна преговори за првото летно засилување на Барселона!

Барселона сериозно ја разгледува иднината на Маркус Рашфорд, а најновите сигнали од Саудис…