Жан Мишел Сари оди на позајмица во Турција и тоа за 1.5 милион евра.
Ситуацијата минатото лето беше ваква: Тотенхем, Ливерпул и пред се Челзи се обидуваа да го доведат Жан Мишел Сери кој доминираше во Ница. Фулам изненадувачки влезе во трката, не преговараше премногу плати 30 милиони евра и го доведе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една година подоцна Сери кој додека играше во Ница доби прекар „црниот Чави“ оди во Галатасарај. Откако баш и не се прослави во Англија се јави Галатасарај која понуди 1.5 милион евра за позајмица и работата беше успешно завршена.
Има и опција за откуп наредната сезона, меѓутоа за која сума засега не е понзато, но сигурно не е 30 колку што плати Фулам.
Галата покрај Сери го доведе стоперот Лујндама од Стандардар, Рајан Бабел и Валентин Озорнвафор.