Дома Фудбал Англија Милнер за нервозата на Мане: Сигурен сум дека протестираше зошто не добив шанса (ФОТО)

Милнер за нервозата на Мане: Сигурен сум дека протестираше зошто не добив шанса (ФОТО)

Ливерпул за викендот беше убедлив на гости кај Барнли и славеше со високи 3:0.

„Црвените“ славеа победа со головите на Мане, Фирмино и автоголот на Вуд и така го запишаа четвртиот триумф во исто толку одиграни кола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Резултатот можеше да биде и поубедлив ако Салах беше помалку себичен. Имено, во неколку ситуација Египќанецот се најде во позиција во која може да отвори 100% прилика на Мане и Фирмино, но одлучуваше сам да ја заврши акцијата.

Тоа му го замери Сенегалецот кој откако беше заменет ја покажа нервозата на клупата, а работата ја смируваше Милнер.

Сега Милнер на оригинален ја прокоментира таа ситуација.

„Можеби погрешно го прочитав ова, но прилично сум сигурен дека Садио протестираше затоа што јас не добив шанса на овој натпревар“, гласи коментарот на Милнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …