Брајтон и официјално се пофали со новото засилување во името на Џејмс Милнер.
Милнер на крајот на сезоната го напушти Ливерпул и во Брајтон се сели како слободен играч.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Следната сезона ќе биде неверојатна 22-ра во Премиерлигата за Милнер, кој претходно играше и за Лидс Јунајтед, Астон Вила, Њукасл и Манчестер Сити.
„Многу сум задоволен што го пречекувам Џејмс во Брајтон. Тој е одлично засилување за нас и сигурен сум дека ќе ни помогне да достигнеме уште повисоко ниво“, изјави тренерот Де Зерби.
Коментари