Дома Трансфер зона Милинковиќ – Савиќ останува во Лацио, добива двојно поголема плата!

Милинковиќ – Савиќ останува во Лацио, добива двојно поголема плата!

Сергеј Милиниковиќ-Савиќ беше една од нажешките трансфер теми ова лето, но Лацио успеа да одоленее на богатите понуди и го задржа Србинот во своите редови.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милинковиќ-Савиќ сигурно останува во Лацио и наскоро ќе стави потпис на нов договор.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Српскиот репрезентативец според новиот договор ќе заработува двојно повеќе. СМС моментално добива 1,5 милиони евра по сезона, а сега клубот ќе му понуди 3 милиони евра годишно плус бонуси.

Сепак, тоа и понатаму е малку во споредба со платата која можат да му ја понудат клубови како Реал Мадрид, ПСЖ и Јувентус, па можеме да очекуваме дека следното лето фудбалерот повторно ќе биде мета на гигантите.

Лацио одолеа на сите понуди кои пристигнаа за СМС, но факт е дека никој од заинтересираните клубови не беше спремен да плати 120 милиони евра за Србинот, колку што бараше италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…