Дома Трансфер зона Милинковиќ – Савиќ добива откупна клаузула – може ли некој да ја плати во јануари?

Милинковиќ – Савиќ добива откупна клаузула – може ли некој да ја плати во јануари?

Ѕвездата на Лацио, Серхеј Милинковиќ-Савиќ беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот ова лето, но на крајот Србинот остана во Рим.

Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус, Милан и ПСЖ беа силно заинтересирани за српскиот репрезентативец, но никој од споменатите клубови не беше спремен да ја плати цената од 120 милиони евра која ја постави Лацио.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Милинковиќ-Савиќ сега ќе потпише нов договор со римскиот клуб и ќе добие плата од 3,2 милиони евра, но она што е новост е што во него ќе има и откупна клаузула.

Италијанските медиуми откриваат дека агентот на СМС се изборил да има откупна клаузула во новиот договор која ќе изнесува 100 милиони евра, сума помала од онаа што ја бараше председателот на Лацио летово.

Останува да видиме дали некој од заинтересираните клубови е спремен да ја плати оваа сума уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…