Дома Актуелно Милер оптимистичен: Спремни сме, ние сме светски шампиони

Милер оптимистичен: Спремни сме, ние сме светски шампиони

muller

Фудбалерот на Баерн Минхен и репрезентативец на Германија, Томас Милер е оптимистичен пред Мундијалот кој започнува за неколку дена.

Напаѓачот смета дека неговата селекција во овој момент има посилен тим од оној со кој пред четири години во Бразил стигна до титулата светски шампион.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Индивидуално, без сомневање сега имаме подобар тим. Но фудбалот многу се развиваше. Исто така и другите репрезентации напредуваат, нивните фудбалери технички станаа многу подобри. Ние сме спремни. Ние сме светски шампиони, имаме неколку играчи кои се во фантастична форма и се радуваме на турнирот“.

„Германскиот фудбал помина долг пат, не само поради успехот во 2014 година, туку и поради начинот на кој играме фудбал. Сакаме да ја имаме топката. Не сакам да кажам дека не се восхитувам на стариот стил на игра, туку само се обидувам да пронајдам најдиректниот начин да постигнам гол“, изјави Милер.

На Светското првенство кое започнува на 14 јуни во Русија, Германија ќе игра во групата Ф, заедно со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Клоп имаше што да му порача на својот наследник

Tренерот на екипата на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека го радува фактот што Арне Слот би…