Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски: Секој бод и гол се важни, им посакувам добредојде на дебитантите

Милевски: Секој бод и гол се важни, им посакувам добредојде на дебитантите

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска го објави списокот на повикани фудбалери на кој дебитираат Бехар Фета и голманот Алчевски.

„Сакам да им посакам добредојде на двајцата дебитанти заедно со Стојчевски и Илиевски кој не е со нас и се приклучуваат од последната генерација за У21. Се надевам ќе се наметнат за во иднина“, истакна Милевски.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


И на овој собир има проблеми со повреди, Костадинов ќе го нема, а неизвесни се Муслиу и Трапановски.

„Повторно имаме проблеми со повреди. Тихо Костадинов не е во можност да помогне, Муслиу и Трапановски се под знак прашалник. Се надевам ќе бидат здрави и ќе можат да помогнат. Свесни сме за важноста на двата натпревари“.

Целта и сега ќе биде иста – победа!

„Во секое обраќање на поменувам дека секој бод и гол се важни. Натпреварите ги почнуваме со една цел и тоа триумф, сакаме да ги намалиме грешките кои се неизоставен дел од секој натпревар. Победата е императив. Очекувам потежок натпревар со Летонија од тој во Рига, секогаш мора да го дадете максимумот за позитивен исход“, напомена Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Нов пораз: Фудбалерките незаслужено загубија од Летонија

Женската А репрезентација на Македонија загуби со 2:1 од селекцијата на Летонија на домаше…