Македонската таеквондистка Мила Рељиќ го заврши настапот на Олимписките игри со поразот во четвртфиналето од Либанката, Летиција Ајун.
Рељиќ денеска приреди големо изненадување со победата над Британката Џејд Џонс која беша една од најголемите фаворитки на турнирот, но во четвртфиналето македонската претставничка беше поразена со 2:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двете рунди беа изедначени, Рељиќ ја загуби првата рунда со 9:8, додека во втората беше 6:6, но ја загуби рундата поради тоа што противничката имаше удар во глава.
Треба да се каже и дека евентуален влез на Ајун во финалето ќе и донесе на Мила борба за медал преку рапасажот.