Дома Фудбал Италија Милан ќе се „рабуди“, или Црвена Звезда ќе приреди „чудо“?

Милан ќе се „рабуди“, или Црвена Звезда ќе приреди „чудо“?

Четвртокот е резервиран за ревнаш натпреварите од 1/16 финалето на Лига Европа, а најинтересно ќе биде на Сан Сиро каде што Милан ја пречекува Црвена Звезда.

Милан: Росонерите се во голема криза

Познато е дека фудбалерите на Милан фантастично ја започнаа новата сезона и доста долго беа на првото место на табелата, а тоа може да го наречеме и пријатно изненадување бидејќи малку беа тие кои очекуваа таков пласман за црвено-црните. Сепак, впечатокот е дека како што изминува времето, екипата од Сан Сиро прикажува се послаби и послаби партии. Сега се наоѓаат на второто место со четири бода помалку од градскиот ривал Интер кој во моментов е лидер на табелата. Милан во Лига Европа изигра фантастичен натпревар против Звезда, но за жал не успеаа да си заминат од Белград како победници бидејќи Павков им ја наруши среќата во последните секунди од натпреварот.

Црвена Звезда: Време е за ново чудо?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што времето изминува, така се стекнува впечаток дека пред Дејан Станковиќ е една исклучително убава тренерска кариера. Имено, црвено-белите оваа сезона играат фантастично и без поголеми проблеми ја држат лидерската позиција и впечатокот е дека ќе стигнат до четвртата последователна титула на Србија. Рака на срце, овој пат не успеаа да стигнат до ЛШ, но затоа во Лига Европа се покажаа одлично. Во една прилично тешка група стигнаа и до пласман во нокаут фазата од Лига Европа што е голем успех за овој тим. Во првиот натпревар против Милан не се обрукаа бидејќи успеаа да ремизираат со резултат 2-2 и сега со прилично добро расположение патуваат за Милано.

Предлог

Секако дека екипата на Милан барем на книга е далеку поквалитетна, но некогаш тоа не е пресудно. Како прв предлог ви нудиме 1 со квота 1.45 во 1xBet, додека љубителите на голови може да испробаат со 3+ за што ќе си добијат квота 1.70 во истата обложувалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гундоган го критикуваше трагичарот на Барса, а тој му одговори: Подобро да не кажувам што мислам

Барселона беше иелиминирана од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа …