Дома Топ вести Милан ја сака ѕвездата на Јувентус

Милан ја сака ѕвездата на Јувентус

Италијанските медиуми пренесуваат дека Федерико Бернардески ова лето би можел да го напушти Јувентус, а најсилен интерес за него покажува Милан.

Италијанецот може да го смени клубот на крајот од сезоната, бидејќи во јануари „бјанко-нерите“ го купија 19-годишниот фудбалер на Аталанта, Дејан Кулушевски, кој до крајот на тековниот италијански шампионат ќе продолжи да игра за Парма на позајмица.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Бернардески оваа сезона  не добива голема минутажа и падна во втор план кај тренерот Сари, па во потрага по поголема минутажа ќе ја промени средината.

Уште во јануари Милан беше заинтересиран за неговиот потпис, но тогаш не дојде до реализација трампата со Лукас Пакета.

„Росонерите“ се во постојан контакт со неговиот агент и ќе се обидат да го донесат ова лето, а цената на трансферот би требало да изнесува околу 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…