Дома Трансфер зона Милан ја победи конкуренцијата за еден од најбараните напаѓачи

Милан ја победи конкуренцијата за еден од најбараните напаѓачи

Ибрахимовиќ и Жиру играат одлично оваа сезона, Милан е во трка за Скудетото,но Малдини размислува на долги стази.

Како што пренесуваат аргентинските медиуми, директорот на „росонерите“ Паоло Малдини ја победил конкуренцијата за ѕвездата на Ривер Плата, Јулијан Алварез.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


21-годишниот напаѓач блесна веќе втора сезона во дресот на Ривер Плата и важи за еден од најголемите таленти во Јужна Америка.

Алварез има договор со аргентинскиот клуб до декември следната година и откупна клаузула од 25 милиони евра.

Милан веќе има договор со Алварез кој може да игра на повеќе позиции во нападот и сака да го комплетира трансферот во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…