Дома Топ вести Милан тргнува по новата ѕвезда на Реал Мадрид

Милан тргнува по новата ѕвезда на Реал Мадрид

Шпанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за играчот на Реал Мадрид, Дани Себаљос и сака да го донесе на „Сан Сиро“ во зимскиот преоден рок.

Себаљос ова лето пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ од Бетис за 18 милиони евра, но не добива голема минутажа кај Зинедин Зидан.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Иако за него беа заинтересирани многу европски гиганти, меѓу кои и Барселона, младата шпанска ѕвезда го избра Реал Мадрид, но таму не може да се избори со големата конкуренција.

„Дарио Мадридиста“ пренесува дека Себаљос размислува за промена на средината во јануари, а таквата ситуација сака да ја искористи Милан кој е во потрага по квалитетен играч за врска.

Реал Мадрид е спремен да ги исполни барањата на играчот и да го пушти на позајмица, но „росонерите“ сакаат во договорот да има клаузула со која ќе можат да го откупат на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аргентина не победи, па Меси критикуваше: Теренот беше ужасен, топката застануваше!

Репрезентацијата на Аргентина одигра 1:1 против Венецуела во рамките од 9. коло од квалифи…