Приоритет на Милан ова лето ќе биде засилување во нападот, бидејќи Златан Ибрахимовиќ најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
Потрагата по наследник на Ибрахимовиќ веќе започна, а последно име на списокот на „росонерите“ е аргентинскиот тачент од Сан Лоренцо, Адолфо Гаич.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
21-годишниот голгетер веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти. Во Аргентина е познат под надимакот „Тенк“ бидејќи е робусен, висок 190 сантиметри, но има одлична техника и исклучително чувство за гол.
Гаич оваа сезона, до паузата поради коронавирусот, запиша 12 настапи за Сан Лоренцо на кои постигна 5 гола, а минатата година дебитираше и за аргентинската репрезентација.
Аргентинецот во договорот има откупна клаузула од 13 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за Милан.
„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и се спремни да ја платат клаузулата, но треба да ја победат конкуренцијата, бидејќи за Гаич има интерес и од други европски клубови.