Дома Трансфер зона Милан спреми 40 милиони за ѕвездата на Виљареал

Милан спреми 40 милиони за ѕвездата на Виљареал

Шпанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за плејмејкерот на Виљареал, Ману Трегуерос и сака да го донесе на „Сан Сиро“ уште во јануари.

„Росонерите“ во зимскиот преоден рок сакаат да го засилат тимот со квалитетен играч за врска, а прва трансфер цел е токму Трегуерос.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Играчот за врска на Виљареал може да игра на повеќе позиции во средниот ред и е еден од најдобрите во Примера.

Наводно „росонерите“ веќе стапиле во контакт со раководството на Виљареал, со кој имаат одлични релации и ова лето ги договорија трансферите на Мусакио и Бака.

Шпанските медиуми тврдат дека Милан е спремен да понуди 40 милиони, сума која ќе ги задоволи апетитите на „жолтата подморница“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…