Дома Топ вести Милан спреми понуда за Хаким Зијех

Милан спреми понуда за Хаким Зијех

Италијанските медиуми пренесуваат дека главна цел на Милан до крајот на преодниот рок е плејмејкерот на Челзи, Хаким Зијех.

Зијех минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување од Ајакс, но не се снајде во Премиер лигата, па Томас Тухел не смета сериозно на него.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Таквата ситуација сакаат да ја искористи италијанскиот гигант Милан, кој во Зијех гледа идеален наследник за Чалханоглу.

27-годишниот плејмејкер е голема желба на „росонерите“ и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Милан во следните денови ќе започне преговори со Челзи и се надева дека ќе договори позајмица со можност за откуп од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…